Градскиот фудбалски клуб „Лихнидос“ од Охрид со висока и важна победа против ФК „Велешта“ 1:4 (0:2), остварена денеска, ги започна натпреварите во рамките на Третата лига. Иако Велешта технички беше домаќин, натпреварот се одигра во Охрид.

Головите за охридскиот тим ги постигнаа Христијан Димоски, Ромео Кочоски, Александар Бакулески и Роберт Усеиноски.

Оваа сезона ФК „Лихнидос“ влегува со големи амбиции за враќање на сјајот на фудбалот во Охрид и пласман во повисок ранг, за што екипата се засили со десет нови играчи од регионот.

Во второто коло кое се игра следната недела, на 2-ри септември, охридските фудбалери на домашен терен ја пречекуваат екипата на Лирија.

Натпреварот се игра во 16:30 часот на стадионот „Билјанини извори“.

OhridNews