Фудбалскиот клуб Лабуништа активно ќе се приклучи во хуманитарната мисија во собирањето на потребните финансиски средства за лекувањето на Сара Настеска и Амина Шаиновска.
Второпласираната екипа на табелата в недела (13:30ч) на домашен терен во Струга ќе го пречека тимот на Скопје, а финансиите од билетите ќе ги уплати на сметките од Сара односно Амина. Клубот со овој потег го оправдува епитетот „гордост на Лабуништа“ и повикува на се поголема масовност за помош.
- Сите љубители на фудбалот и спортот ги повикуваме да дојдат во што поголем број и да ја бодрат нашата екипа. Масовноста ќе биде од огромно значење, бидејќи ќе има повеќе средства кои ќе им се потребни на фамилиите од Сара и Амина. – стои во соопштението од клубот.
За помош на Сара и Амина во Охрид и ширум Македонија се организираа повеќе настани со хуминатарен карактер.
OhridNews