Фудбалскиот клуб Караорман, на вчерашната вондредна седница која се одржа во Струга избра ново раководство вклучувајќи и нов претседател. За нов предводник на клубот одбран е Ристе Ќушкоски.
Ќушкоски на функцијата претседател на клубот доаѓа на местото од Никола Таштаноски, кој долги години го предводеше некогашниот член на Првата и Втората македонска фудбалска лига. Ќушкоски и новите структури во клубот си поставија цел да го вратат Караорман во Втората лига и повторно да игра важна улога во македонскиот фудбал и создавањето на репрезентативци.
Новиот претседател на ФК Караорман, Ристе Ќушкоски.
Клубот од кој изникнаа дузина репрезентатвци моментално се натпреварува во Третата лига југо-запад. Караорман основан е 1923 година.
OhridNews