Тренерот на екипата на Јавор од Ивањица, Предраг  Ристановиќ која две недели беше на подготовки во Охрид за српските медиуми изјавува дека покрај Охридското крајбрежје подготовките поминале во најдобар.

– Вистински имавме добри подготовки во Охрид, а контролните натпревари поминаа одлично бидејќи никој не се повреди и сите фудбалери добија шанса да ја покажат моменталната форма. До почетокот на шампионатот остануваат уште нецели десет денови во кои дополнително ќе ја воиграме екипата – рече Ристановиќ.


Во првата рунда од пролетната полусезона Јавор ќе се сретне со Црвена Ѕвезда на гостински терен.

Јавор во Охрид одигра пет пријателски средби и забележа три победи, а претрпе еден пораз и еднаш ремизираше.
 

Мх.П.