Српскиот второлигаш ФК Инџија од истоимениот град го потврди своето доаѓање во Охрид на подготовки за вториот дел од сезоната во српската втора лига.


 “Зелено – белите“ кои втора година по ред доаѓаат во македонскиот бисер по првиот дел од шампионатот се наоѓаат на третото место на табелата со ист број на бодови со второпласираниот Телеоптик и четири бода заостанување зад првопласиранта Колубара.

Екипата на Инџија ја бие глас по тоа што се фер- плеј екипа и се еден од ретките тимови во лигата кој нема исклучен играч, а дури десет различни фудбалери ја погодиле противничката мрежа. Во тимот е најдобриот стрелец по првиот дел од првенството Боривоје Филиповиќ.


Шефот на стручниот штаб Момо Раичевиќ првата прозивка ја закажал за 11 јануари, а во Охрид ќе дојдат на почетокот на фервуари.

М.П.