Еден холандски физиотерапевт користи две мали свињи како би им помогнал на соите пациенти да ја повратат својата подвижност. Кога оди во посета на постари лица, но и деца со проблеми во однесувањето, Дан Вермулен обавезно со себе ги води Феликс и Руди, све симпатични џуџести свињи.
Тој објаснил дека свињите ги поттикнуваат пензионерите повеќе да се движат, но и меѓусебно да се дружат. Тој рекол дека овие генерации свињите ги враќаат во младоста, бидејќи тие се животни кои некогаш добро ги познавале, но во последно време за нив воопшто не размислувале.