На 06.04.2025 во 08.10 часот во СВР Охрид, 25 годишно лице од Кичево пријавил дека околу 02.30 часот додека бил во ноќен клуб во Охрид со тројца другарите, по претходна расправија на еден од другарите со едно лице, тој и другарот биле физички нападнати од неколку лица, информираат од СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваа соодветен поднесок.

OhridNews