Меѓу нив, најнапред настанала вербална расправија околу девојка која била во роднинска врска со Џ.Д. по што тој физички го нападнал на Б.Б. удирајќи го со тупаници по целото тело. Тепачката се обиделе да ја спречат директорот на училиштето и уште двајца наставници.
Нешто подоцна, Џ.Д. заедно со неговиот брат и уште едно лице, се сретнале со директорот по што повторно започнале вербална караница околу претходната тепачка. Во еден момент, Џ.Д. физички го нападнал директорот удирајќи го со тупаница во пределот на главата.
Лицата се повикани во полициската станица-Струга а се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот. Против нив ке бидат поднесени соодветни пријави.
извор: СВР Охрид