Неактивноста е најголем поединечен фактор кој влијае врз сите раширени болести на срцето, заклучиле научниците.
Ако сте жена постара од 30 години, најопасното влијание врз здравјето на вашето срце го има физичката неактивност, покажало големо истражување на австралискиот Универзитет Квинсленд, спроведено на речиси 30 000 жени.
Со неактивноста, лошо влијание има дебелината, пушењето и повишениот крвен притисок, а два од овие три фактори се тесно поврзани со физичката неактивност.
Австралијците спровеле истражување од многу едноставна причина – токму болестите на срцето се водечка причина за смрт на жените во таа земја, а вкупно гледано одговорни се за четвртина од смртта на сите австралијци.
Дополнителен час физичка активност дневно би спречил прерана смрт од болести на срцето на повеќе од 2 и пол илјади австралијки годишно.
Затоа, започнете со пешачење за да го доведете телото во ред, а кога силата малку ќе ви се врати, започнете со некои поинтензивни физички активности како вежбање во теретана или некоја аеробик програма.
извор:metro-portal.hr