Физичка пресметка помеѓу четири лица се случила вчера во Косел, информираат од СВР Охрид.

Во 15.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во охридското село Косел  нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 24, 21 и 45 годишни лица од една и 37 годишно лице од друга страна, велат.

По целосно документирање на случајот, додаваат од СВР Охрид, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews