Жителите на баскискиот град Аригориага во Шпанија во фитнес клубот „Easy Gym“ вежбаат голи. Сопственичката на клубот Мерче Ласека истакнала дека тоа е прв фитнес клуб за нудисти во земјата. Додала дека таа самата по природа не е нудист, но и дека нема никакви проблеми со нудизмот.


Некои веќе почнале да ја копираат, па еден учител по јога најавил дека ќе понуди и курсеви за нудисти. Освен фитнесот на нудистите во светот им се нудат и други облици на рекреација. Во Швајцарија можат да се бават со алпинизам, во Шпанија да играат голф, во португалија голи да јаваат коњи, во Мексико да возат велосипеди и слично.