Рокот до кој пазарите во земјава требаше да се фискализираат истече вчера, но пазарџиите најавуваат дека нема да прифатат поставување фискални апарати бидејќи немаат сметка да работат на таков начин.

Охридските пазарџии се револтирани затоа што не можат да склучат договор за закуп на тезга доколку не се фискализираат. Инспекциски тимови на УЈП денеска вршат засилени контроли на зелениот пазар во Охрид, додека незадоволните пазарџии негодуваат на ЈП „Охридски Комуналец“, кое стопанисува со пазарот. Излез од состојбата во Охрид според најавите ќе се бара на заедничка средба помеѓу пазарџиите, локалната и „Комуналец“.


фискална сметка молам !?

Во Струга пак фискализацијата ги разгневи пазарџиите кои утрово започнаа масовни протести. Тие велат дека е невозможно да работат на тезгите  со фискални апарати и дека не отстапуваат од барањето и натаму државата да ги оданочува паушално.

Протести има и во повеќе други градови во државава.

Г. Момироски