Компаниите во иднина ќе плаќаат дополнителна давачка на државата за селектирање и собирање на отпадот од нивните производи. Ова се предвидува во одредбите од Законот за отпад од пакување, кои на сила ќе стапат наредната година.

Фирмите кои користат пакување за нивните производи за стакло ќе плаќаат 4500 денари по тон, за пластика 20 000 денари, за хартија и картон 6200 денари по тон и.т.н.

За непочитување на законот предвидени се казни од 3 до 6 илјади евра.

ОhridNews