Владата на 30 седница одржана денеска, ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, со која даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма.
Ова е со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот COVID-19.
Уредбата предвидува фактурите да се испраќаат по електронски пат на валидна e-пошта, со или без електронски печат. Примателот на електронска фактура, пак, има можност во рок од десет дена да го извести испраќачот дека не се согласува да добива електронски фактури, односно и сака да добива фактури во печатена форма. Доколку тоа не го стори во наведениот период се смета дека е согласен да добива електронска фактура.
OhridNews