Составот на Ливерпул е нов предводник на табелата во Премиер лигата. „Црвените“ на лидерска позиција се искачија после триумфот над Тотенхем со 2-1 (1-1) во дербито на колото, кое се одигра на „Енфилд“ стадионот.
Ливерпул преку Мо Салах кој реалираше со голема помош од одбрана го отвори резултатот во 26-та минута од натпреварот. Седум минути подоцна, гостите од Лондон израмнија на 1-1. Стрелец на голот беше Хонг сон Мин. Шансите се редеа пред двата голови, но мрежата се затресе дури во продолжението. Бразилецот Фирмино се најде на вистинско место после нафрлувањето од корнер на Робертсон и ја погоди мрежата за минимален триумф.
Арсенал – Саутемптон 1-1, Лидс – Њукасл 5-2, Лестер – Евертон 0-2, Фулам – Брајтон 0-0, Ливерпул – Тотенхем 2-1, Вест Хем – Кристал Палас 1-1
Табела: Ливерпул 28, Тотенхем 25, Саутемптон 24, Лестер 24…
Серија А: Мората се посрамоти, Јувентус и Аталанта ремизираа
Без победник (1-1) и со поделба на бодовите заврши дерби пресметката помеѓу Јувентус и Аталанта, во 12-та рунда од Серија А. „Бјанко-нерите“ беа поблиску до победата, но комплетно потфрлија во нападот, не реализирајќи неколку „зицер“ ситуации. При резултат 0-0, Алваро Мората промаши празен гол, шутирајќи со петта. А, подоцна во мечот Роналдо не успеа да погоди од белата точка. Аталанта со погодокот на Ремо Флеур ја анулираше предноста на Јувентус, кој поведе со погодокот на Федерико Киеза.
Резултати: Јувентус – Аталанта 1-1, Фиорентина – Сасуоло 1-1, Џенова – Милан 2-2, Верона – Сампдорија 1-2, Интер – Наполи 1-0, Парма – Каљари 0-0, Специја – Болоња 2-2
Табела: Милан 28, Интер 27, Јувентус 24, Наполи 23, Сасуоло 23…
Премира дивизион: Сосиедад го положи оружјето на Ноу Камп
Барселона со пресврт во првите 45 минути го совлада Реал Сосиедад со 2-1 и го запиша шестиот триумф во шпанската Примера дивизион. Гостите од Сан Себастијан поведоа со 1-0 преку Вилијан Хозе. Жорди Алба изедначи на 1-1, а, Френки де Јонг го комплетираше кам бекот. Во второто полувреме мрежите мируваа и Барселона ја зачува минималната предност.
Табела: Атлетико Мадрид 26, Реал Сосиедад 26, Реал Мадрид 26, Виљареал 22, Барселона 20…
OhridNews
Деби гол за Алијоски во Премиер лигата, Лидс го растури Њукасл (видео)