Фирмата „Топлина“ од охридското село Подмоље доби тендер за ископ на јаглен во висина од 1,44 милијарди денари (25 милиони евра) за период од 12 месеци, потврди за „Независен“ државната компанија АД ЕСМ.

Машина копа јаглен. Фото: Илустрација

Оваа охридска фирма претходно беше подизведувач на „Марковски компани“, која по смената на власта беше исфрлена од тендерите во РЕК „Битола“, пишува весникот.

‘Топлина’ пријавила четири оператори како подизведувачи ‘ГД Гранит Скопје’, ‘Градба Промет’ Кавадарци, ‘Илинден’ Струга и ‘Топ Билд’ од Скопје. Во својство на техничка поддршка се пријавени фирмите ‘Форса’ АС од Скопје и ‘Машинокоп’ од Кавадарци“, стои во дописот на АД ЕСМ до „Независен“.

Целата вест може да ја прочитате тука.

Извор: Независен