Бразилската полиција открила една фирма преку која за 12 илјади евра било можно да се нарача секаков вид убиство. Вработените во фирмата од Сао Паоло биле актуелни и поранешни припадници на воената полиција. За нарачка било доволно само да се уплатат 12 илјади евра на сметка и да се посочи лицето кое сакате да биде убиено.
Во седиштето на фирмата, во еден стан во Сао Паоло, полицијата пронашла вистински арсенал од пиштоли, пушки и разни видови друго оруже. Исто така на сметката на фирмата биле откриени десетина уплати, а биле приведени дваесетина лица за кои има сомневање дека работеле за оваа криминална компанија.