Фудбалерите на Фиорентина, забележаа голема победа во 14-та рунда од Серија А, совладувајќи го Јувентус среде Торино со убедливи 3-0, полувреме (1-0).

Натпреварот на Алијанц стадионот започна како од соништата за „виолетовите“, кои од првиот напад поведеоа со 1-0. Стрелец беше Душан Влаховиќ во 3-та минута од натпреварот. Проблемите за домаќините се зголемија, после наивниот старт на Хуан Квардадо кој доби директен црвен картон. „Бјанконерите“ и со фудбалер помалку се надигруваа, но гостите со два погодоци во вториот дел ја заверија победата и освоија значајни три бодови.

После поразот на Јувентус, водечкиот Милан е единствен клуб во Серија А кој се уште не ја почуствувал горчината на поразот.

Во првиот натпревар од денешната програма, екипата на Кротоне со 2-1 ја совлада Парма.