Финското министерство за здравје повикало на повремено конзумирање на оброците во стоечка положба, што претставува дел од кампањата против начинот на живот кој се состои од седење. Покрај тоа, на финците им се укжаува на фактот дека во стоечка положба можат да читаат весници, да пијат кафе и да гледаат телевизија.

 

Експертите предупредуваат дека прекумерното седење е поврзано со мускулно-коскени пореметувања, болести ка срцето и крвните садови и прекумерна телесна тежина. Минситерството за здравје додава дека кај лицата кои седат повеќе од седум часа на ден секој дополнителен час седење дневно е поврзан со пет проценти поголем ризик за смрт.