Ламар Одом имаше вртоглав пад и неславен крај на кошаркарската кариера, а животот му беше загрозен поради прекумерено конзумирање на алокохол и дрога. Одом имаше сериозни проблеми со здравјето и неколку пати беше хоспитализиран во критична состојба. Згора на се, Одом сите заработени пари ги потроши на коцка и се соочи со тужба за неплаќање на данок од америчките власти. Во меѓувреме, Одом се раздели со сопругата Кло Кардашијан и доби тужба за семејно насилство и негрижа.
Во животот на Одом се’ се промени преку ден откако ја запознал фитнес инструкторката Сабрина Пар. Парот многу брзо по официјализирање на врската почнал заеднички живот. Сабрина прво вметнала здрава исхрана во менито на Одом и полесни тренинзи. 33-годишната финтес инструкторка го извлече од работ на бездната Одом кој во текот на кариерата два пати ја освојуваше титулата во НБА лигата.
Сабрина е активна на социјалните мрежи и нејзините објави имаат десеттициилјади лајкови. Но најголеми пофалби добива за успешната мисија за враќање во живот на поранешниот кошаркар во НБА лигата.
OhridNews