Финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека двете страни во војната во Украина користат тешко оружје, додека Русија користи и термобарични бомби.

Испраќаме сè потешко оружје во Украина. Од друга страна, Русија исто така почна да користи многу моќно оружје, термобарични бомби кои всушност се оружје за масовно уништување, рече Нинисто.

Украина и земјите од НАТО претходно ја обвинија Русија дека користи високо деструктивни термобарични бомби, познати и како вакуум бомби. Амнести интернешнал информира дека Русија користела забранети касетни бомби во Харков.

OhridNews