Тим од истражувачи во Финска успешно произведе храна со користење на електрична енергија. 

Во овој момент, производот од екпериментот е тешко да се нарече храна, но и ова е почеток. Со мешање на три состојки- вода, јаглерод диоксид и микроби во биореактор со големина на шоља за кафе и спроведување на електричен шок, научниците произвеле прав кој што е составен од 50% протеини и 25% јаглехидрати, а преостанатиот дел се масти и нуклеинска киселина. 

Оваа почетна фаза на истражувањето може да отвори пат кон евтино решавање на проблемот со гладното население без притоа да бидат употребени огромни плодни површини. Според пресметките, околу 795 милиони луѓе страдаат од хронична неухранетост. Оваа храна не мора да се користи само за луѓе. Научниците усовршуваат протеини кои би се користеле како добиточна храна.

Овој метод не е се’ уште практичен. Моментално, потребни се околу две недели за да се произведе еден грам протеински прав. Научниците предвидуваат дека ќе помине една деценија додека се развие доволно голем систем за поширока употреба.

А.М.