Еден фински хотел објавил оглас во кој бара „професионален спијач“. Управата на хотелот Фин, во центарот на Хелсинки, објаснила дека лицето ќе биде задолжено во период од 35 дена да ги тестира хотелските соби и своите впечатоци да ги бележи на блог. На оваа идеја дошол менаџерот на хотелот Тио Тика кој смета дека тоа ќе биде добра реклама за неговиот угостителски објект, кој неодамна бил комплетно реновиран.
Тој навел дека за тоа работно место е потребно динамично лице кое знае да пишува интересен блог за секојдневните искуства во хотелот кој нема ниту бар ниту ресторан. Се бара лице кое течно зборува фински и англиски, а пожелно е познавање и на рускиот јазик. Пријави за работното место ќе се примаат до крајот на април.