Во склад со законот, на тој бизнисмен кој тргувал со недвижнини, му е одредена казна од 50 дневници по 410 евра, затоа што довел во опасност човечки животи. Дневницата е пресметана според неговата даночна пријава од 2006.
Судот како отежнувачка околност го навел фактот дека во близина на местото на прекршокот имало повеќе училишта. Локалниот тужител изјавил дека Швеѓанецот поминал добро: „Ако некој за 100% ја надмине дозволената брзина, може да оди в затвор“.