Финска е приморана да го продаде својот дел од куќата на Дедо Мраз која се наоѓа во паркот на Дедо Мраз во Лапонија на локалните инвеститори. Тие исто така ги откупија и акциите кои ги поседуваше градот Рованиеми како и акциите на туроператорот “Лапин Маткаилу” и со тоа станаа сопственици на 56 проценти од акциите.


Националната телевизија соопшти дека новите сопственици имаат намера да ги намалат трошоците и маркетингот на паркот на Дедо Мраз кој од своето отворање во 1998 година секогаш имал финансиски проблеми.