Финска, Шведска и Норвешка се најдобри земји за мајките, а на дното на листата се сиромашните африкански земји ДР Конго, Сомалија и Сиера Леоне, пренела меѓународната организација “Save the Children”. Покрај наведените три, меѓу најдобрите десет земји за живот на мајките и бебињата се уште и Исланд, Данска, Шпанија, Белгија, Германија и Австралија. Велика Британија е на 23, а САД на 30 место.
Медиумите пренеле дека како критериуми за составување на оваа листа се користеле здравјето на малките, морталитетот, нивото на образование на жените, приходите и политичкиот статус. Во извештајот на организацијата “Save the Children” се наведува дека три милиони деца умираат секоја година во рамките на еден месец од нивното раѓање, и тоа воглавно од причини кои можеле да се спречат. Повеќе од тртина од тие новороденчиња умирале во првиот ден од животот, при што од организацијата навеле дека тие случаи можеле да се спречат со подобар здравствен систем, со обука на здравствените работници и со напор докажаните решенија да бидат достапни на секоја мајка.