Ништо не им оди од нога оваа сезона на фудбалерите на Охрид. Серијата порази порасна на пет откако попладнево „Билјанини извори“ со полн плен го напушти и Кораб, за продлабочување на кризата на охридскиот второлигаш кој минатата сезона беше на чекор до пласман во Првата лига.
А се можеше да биде поинаку, бидејки со голот на Мазари Охрид стигна до водство рано, уште во 15-та минута. Тој резултат беше активен се до 81-та минута кога израмни Муча, а само пет минути подоцна Мурати стрелаше за целосен пресврт и победа на Кораб.
Со три освоени бода во шест кола Охрид е закован на дното на второлигашката табела.
Вториот охридски второлигаш Воска Спорт, освои полн плен на гости кај Беса. Елмир Алии беше стрелец на единствениот гол вреден три бода, за трто место на табелата на Воска, зад Кораб и лидерот Силекс кој денеска ја декласираше Велешта со 5:0 за шеста победа во серија.
Во следното, 7-мо коло, кое на програмата е на 16-ти октомври, Охрид има тешко гостување кај Вардар, а Воска дома игра со Кадино.
Г.М.
Фото: А. Момироска