Од 31 Јули до 2 Август во водите на Охридското езеро ке се одржи 40 – та Меѓународна Едриличарска Илинденска регата.
Околу 150 едриличари од десет земји ќе се натпреваруваат во седум различни класи. Отварањето на регата е на 31 Јули во 20 ч во центарот за едрење.
Бранителот на златната маска домаќинот АМАК СП Бофор ќе настапи со триест едриличари во пет класи. Од клубот најавуваат дека и оваа година златната маска ќе остане во Охрид.