По победата на Влазними (3-1) комбинираниот тим охридски тим претпре пораз од Раднички Ниш со 4-1. До стартот на шампионатот наредниот викенд “белите“ ќе одиграат уште два пријателски натпревари против Слога (К) и Влазними.
На стартот на првенството (28 Февруари) Охрид ќе игра против Кожув од Гевгелија.

Силекс во последниот натпревар на подготовките на во Охрид, минимално 1-0 ја совлада Слога Краљево.

Денес на “Билјанини“ играат Нови Сад – Слога (К), додека в петок Раднички (Н) игра против Тетекс, а Ренова ќе игра против Работнички.

М.П.