Изградбата на кружниот тек на пресекот помеѓу булеварот „Туристичка“ и ул. “Бистрица“, што започна на 17-ти април, е при крај и се очекува наскоро тој да биде целосно ставен во функција. Извршено е асфалтирање, поставени се нови банкини, а во тек е и хортиикултурно уредување на кружниот тек, кој е со дијаметар од 12 метри.

Во деновите кои претстојат треба да биде извршено обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и да се оспособи осветлувањето.

Изградбата на кружниот ja реализира локалната самоуправа со средства од Светска банка во висина од 5,9 милиони денари. Изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга со подизведувачи. 

OhridNews