Финец и Русинка станаа светски шампиони во издржливост во сауна, на натпреварувањето одржано во Финска, бидејќи во просторија загреана на 110 степени издржале подолго од три минути. Тимо Кауконен победил во машка конкуренција со време од 3 минути и 46 секунди, додека второпласираниот издржал две секунди помалку.
Светски првак во женска категорија стана Русинката Татјана Архипенко со резултат 3 минути и 9 секунди. На натпреварот кој традиционално се одржува од 1999 година учествувале 150 натпреварувачи од 20 земји.