Пластичните хирурзи го стегаат ременот бидејќи многу жени се откажале или ја одложиле операцијата на градите. Барањата за силиконски гради се намалиле за 50 проценти.

Британскиот хирург Антони Ериан вели дека клиниките ги чувствуваат последиците од рецесијата. Барањата за операција во една приватна клиника се преполовиле, па сопствениците биле принудени да ја затворат.


„Се сомневам дека индустријата ќе пропадне. Само треба да се преброди кризата“ – додал Ериан кој со овој бизнис се занимава веќе 29 години.