Финансиската криза во Фудбалскиот клуб Пелистер кулминираше денеска, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), испрати ултиматум до битолчани за консолидирање на редовите и редовна пријава за настап во Првата македонска фудбалска лига.

Битолските „зелено бели“ немаат доволен број на фудбалери со професионални договори и ако во најбрз можен рок не ги решат проблемите ќе се соочат со исфрлање од елитата и преселба во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Кризата во Пелистер резултираше со заминување на дузина фудбалери, кои минатата сезона стегнаа заби и покрај сите недостатоци успеаја да обезбедат опстанок во Првата МФЛ.

Сите екипи од Првата МФЛ започна со подготовки и го презентираа планот, а Пелистер се уште тренира со фудбалерите од младинскиот погон и со голем знак прашалник за иднината.

OhridNews