Еден милион денари ќе бидат издвоени од буџетот на град Охрид за помош на настраданите подрачја во земјотресот во Албанија. Одлуката беше усвоена на 35 седница на советот, што се одржа вчера.

Советот на општина Охрид, ги усвои извештаите за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид, за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид, за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид, за реализација на програмите за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид, за изработка на урбанистички планови, заштита на животната средина и природата и др.

Дополнително на седницата беа одобрени извештаите за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај, за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за реализација на програмата за изградба на сообраќајна, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште, како и други програми.

ПС Охрид има нов командир

Советот на 35 седница ја изгласа одлуката за за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид. На оваа позиција е поставен полицискиот службеник Сашо Дончески.

Советниците ги прифатија и извештаите од работењето и остварените резултати на oд работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид, за работaта на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид, за работењето и остварените резултати на ЈП „ Охридски комуналец “ – Охрид, за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид и Финансискиот извештај на МЈП „Проаква“ – Струга РЕ „Водовод“ – Охрид.

Најавата за нови вработувања предизвика политички несогласувања 

Мнозинството советници даде согласност за усвојување на измената на годишниот план за вработување за 2019  и 2020 година на во јавните претпријатија, за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба“-Охрид со статус на административни службеници, за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на статутот на ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид, за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП “Градски гробишта” – Охрид. Исто така, беа прифатени и предлог одлуките за давање согласност на годишниот план за вработување во општинските училишта во 2020 година.

Опозицијата обвини дека се подготвува нов бран партиски вработувања. ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе реагира со амандмани на планот за нови вработувања, освен за ЈП „Билјанини извори“, каде според неа има потреба од нови вработувања подради зголемениот обем на работа и поради тоа што ова јавно петпријатие во иднина ќе стопанисува и со паркингот на пловни објекти во каналот Студенчишта, но и поради тоа што бележи позитивни резултати.

Градоначалникот Георгиески ги отфрли обвинувањата за вработувањата, посочувајќи дека истите се предвидени согласно направената систематизација и согласно законот.

Ќе се постави спомен обележје посветено на јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

Советот ја усвои одлуката за подигање спомен-обележје за Милениумскиот јубилеј: 1000 години Охридска Архиепископија, за формирање одбор за подигање спомен – обележје за Милениумскиот јубилеј: 1000 години Охридска Архиепископија, за утврдување локација за градба на спомен- обележје за Милениумскиот јубилеј: 1000 години Охридска Архиепископија. Усвоена беше и одлуката за прифаќање донација на реквизити за детски парк, за дополнување на одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, за утврдување локација за градба на објект за сместување – прифатилиште за кучиња.

Советот на општина Охрид, ги прифати и одлуките за пренесување на правото на времено користење на недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерството за информатичко општество и администрација, за склучување договор за измени на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар, за поддржување при аплицирање на проект “Изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во град Охрид, на ниво на: проект за инфраструктура, идеен проект, основен проект и ревизија на проектната документација“.

OhridNews