репрезентација, која од 11. јануари ќе учествува на Светското првенство
во Шпанија.
„Вие во континуитет постигнувате добри резултати. Вие сте дел од
херојската спортска нација на македонскиот спорт. Во тоа име и целата
верба што ја имаме во македонските спортисти и во оваа репрезентација
МОК уште еднаш е во тесна соработка со федерацијата и обезбеди нови
средства. Среќни сме што на еден ваков начин уште еднаш сме во можност
да го поддржиме вашите напори за уште едно големо и успешно
натпреварување“, рече првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.
МОК обезбеди дополнителни финансиски средства во вкупен износ од 20.000
долари, средства кои се веќе префрлени на сметка и дадени на користење
на РФМ, со единствена намена, постигнување на врвна спортска форма на
нашите најдобри ракометари за време на Светското првенство во Шпанија.