Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, денес имаше средба со атлетичарот на Атлетскиот клуб Охрид Јован Стојоски. Тој е државен првак и рекордер во пет дисциплини и најсериозен македонски кандидат за учество на престојните Летни Олимписки игри во Токио.
Стојоски е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), а Општина Охрид финансиски ќе го поддржи во неговите подготовки, за што поуспешен настап на најголемата светска спортска манифестација.
OhridNews