Националните фудбалски федерации членки во УЕФА помеѓу кои се наоѓа и македонската ќе добијат еднократна финансиска инекција во висина 4.3 милиони евра. УЕФА потребните средства ги има обезбедено преку Фондот за итни случаи и „Хет трик“ програмата.
– Фудбалот се соочува со еден непредвидлив предизвик што ни го донесе коронавирусот. УЕФА сака да им помогне на своите членки да одговорат на овој предизвик на начинот на кој тие сметаат дека треба. Како резултат на тоа, решивме да исплатиме по 4,3 милиони евра на секое здружение до крајот на оваа и следната сезона, што ќе биде инвестиција со која националните федерации ќе можат да ја обноват фудбалската заедница во нивната земја. – изјави првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
ФФМ се уште нема одлучено, како и кога ќе се заврши македонскиот фудбалски шампионат. Екипите повеќе од месец и половина не тренираат, а фудбалерите физичката подготвеност ја одржуваат со тренинзи во домашни услови.
OhridNews