Нема никаква тенденција во случајот со блокираната жиро сметка на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ од Охрид, изјави за Ohridnews, портпаролот на Министерството за финансии, Мартин Мартиноски.

Мартинсоски објасни дека државата само ги употребила законските инструменти кои и стојат на располагање за да го наплати милионскиот долг од ЈП „Охридски Коомуналец“. Според него не е во ред градските авторитети случајот да го употребуваат за дневна политика, бидејќи државата не е виновна за лошиот менаџмент во јавното претпријатие. „Градоначалникот не треба да ја критикува државата, туку менџментот кој тој го поставил во јавното претијатие, кој не ги подмирил своите обврски“, рече Мартиноски. Тој вели дека нема никава интенција во тоа што блокирањето на жиро сметката се случува околу новогодишните празници, бидејќи како што рече, сите се должни да ги подмируваат своите обврски кон државата било да се тоа јавни претпријатија или приватни фирми.

Мартинсоки немаше поконкретни информации за контактите помеѓу локалната власт и министерот за финансии, но изрази надеж дека проблемот може да се реши со тоа што ќе се изнајде модел како јавното претпријатие да ги подмири долговите кон државата.

Како што е познато поради долг од 5 милиони денари УЈП ја блокира жиро сметката на ЈП „Охридски Комуналец.

Ohridnews