Уште само пет денa останаа до почетокот на третото издание на aтлетската манифестација Охрид трчаТ. Пријавувањето за учество заврши на 26 мај во неделата, а организаторите ги прават последните подготовки за незаборавен спортски викенд во Охрид.

Петтиот ден во одбројувањето до стартот на Охрид трчаТ ќе го искористиме за презентација и потсетување на резултатите од претходните две години на рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката. Стартот и целта на петкилометарската трка е на исто место, а се трча низ стариот дел на градот и најфрекветните улици низ Охридт, што дава доза на адрелин во текот на трката.

Во првото издание на Охрид трчаТ во 2017 година на 5 километарската трка во машка конкуренција победи Пепи Анакиев, додека во женска конкуренција најбрза беше Елена Стојческа. Минатата година на второто издание кај машките најбрз беше Милан Митровиќ, а помеѓу жените победи Марго Бојаџиева. Во 2017 година во Тим билдинг трката триумфираше Фит Форм, а во 2018 година победи екипата на Делта.

Петкилометарската трка оваа година почнува во 9 часот и 30 минути, а почеток на третото издание на Охрид трчаТ ќе означи трката на 10 километри која ќе стартува во 9 часот.

Во склоп на Охрид трчаТ успешно се организираа Детската и Училишната трка а допрва следуваат Ноќната трка, во петок, експото и панел дискусијата в сабота и главниот настан кој ќе се одржи в недела на 2 јуни.

OhridNews