Започна финалното одбројување до почетокот на првото издание на Картинг трката Римо која ќе биде организирана по теркот на Формула 1 гран при трките, а ќе се одржи на 1 и 2 септември.

Оргинизаторите финишираат со подготовките и најавуваат настан кој ќе прерасне во традиционален и препознатлив за Охрид. На Картинг трката Римо ќе преовладува натпреварувачкиот дух без кој не може мото спортот, но главен акцент ќе биде ставен на забавата и дружењето, а настанот ќе има и хуминитарен карактер, бидејќи организаторите дел од средствата ќе му ги доделат на Црвен крст кој ќе ги пренамени каде што е потребно.

  • Подготовките течат во најдобар ред и очекуваме возбудливи два натпреварувачки дена и еден ден во кој ќе се запознаваме. Ние како организаторите ќе се погрижиме и потрудиме трката да помина во најдобар ред и да ставиме еден добар темел на нов спортски настан во Охрид. – изјави од организациониот одбор.

Пријавувањето за учество трае до 30 август (четврток). На 31 август во петок сите учесниците заедно со своите пријави ќе мораат да присуствуваат на официјалниот состанок во Картинг центарот Римо на кој ќе се подигнуваат стартните пакети.

В сабота собирот почнува во 10 часот. Тогаш, уште еднаш ќе бидат презентирани правилата кој ќе мораат строго да се почитуваат. Учесниците ќе бидат поделени во повеќе групи и квалификациите ќе се возат во принцип на Ф1. Еден загревачки круг и еден во кој ќе се мери времето. Вечерната сесија в сабота која ќе има натпреварувачки карактер започнува во 18 часот, а ќе заврши во 21 часот.

В недела во утринската сесија од 10 до 13 часот планирани се полуфиналните квалификации и трки на исти принцип како и претходно. После полуфиналните возбудувања следува пауза која натпреварувачи можат да ја искористат за дружење и забава со добра музика во самиот картинг центар. Во вечерната сесија од 18 до 20 часот ќе се одржат финалните квалификации и трката на најдобрите. Организаторите најавуваат изненадувања за најдобрите и награди од спонзорите.

OhridNews