Започна финалното одбројување до почетокот на второто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 23 до 26 август, со учество на осум екипи.
Покрај домаќините ГРК Охрид, на турнирот учествуваат и ракометните клубовите Бешикташ, Голден Арт и Олимпијакос во групата А, додека во групата Б се Еурифарм Пелистер, Металопластика, Татран Прешов и Бутел.
Натпреварите ќе се емитуваат во живо на You Tube и на дигиталните платформи на ГРК Охрид на социјалните мрежи, а снимки ќе може да се проследат на Националната телевизија МТВ.
Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ се одржува под покровителство на Општина Охрид. Победник на првото издание на турнирот беше екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци.
OhridNews