Повратникот во друштвото на најдобрите, екипата на Црн Дрим од Струга, во прволигашките битки ќе тргне посилен за уште едно „име“. Поточно за новиот, генерален спонзор, „Green mobile“, со префиксот 073, кој ќе помага надвор од кошаркарскиот правоаголник.
Потписот на договорот со ‘Green mobile’ ќе биде големо олеснување во реализацијата на нашите планови поврзани со настапите во прволигашката конкуренција. Со оглед на тоа што по долги години Струга одново доби нов прволигаш, се надеваме дека ова е само почеток на една долгорочна соработка со нашите пријатели од оваа ценета компанија во сферата на телекоминукациите. – вели претседателот на клубот од Струга, Драги Келешоски.
Согласно со договореното, во натпреварувачката сезона 20200/2021 од Првата лига-мажи, клубот од Струга ќе се натпреварува под името „Црн Дрим Грин Мобил“ – Струга.
OhridNews