Третиот ден во одбројувањето до почетокот на второто издание на Атлетскиот настан „Охрид трчаТ“ им го посветуваме на лицата со ретки болести и Здружението во Охрид кое три години беспрекорно функционира во нашиот град.

Екипата на Здружението за поддршка на лицата со ретки болести ќе биде најголема во тим билдинг трката и ќе испрати моќна и силна порака од најголемата манифестација во Охрид. 

Главниот настан на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи в недела на 3 јуни со почеток во 10 часот, а в сабота ќе се подигнуваат стартните пакети и на програмата ќе биде детската трка. 

OhridNews