На вториот по ред турнир во мал фудбал „Вевчани 2016“ ќе се одиграат последните мечеви, односно натпреварите по кои ќе се дознае конечниот исход.
Финалната програма на турнирот во мал фудбал „Вевчани 2016“ ќе ја отворат екипите на Еуро Стил и Климент Колески во 20 часот со мечот за бронзеното одличје.
Еден час подоцна, во 21 сатот Бел Мерцедес во финалето ќе го предизвика минатогодишниот освојувач на трофејот, АСП Пак.
Победникот на турнирот ќе освои 80 000 денари, второпласираниот 40 000 денари додека третопласираната екипа 20 000 денари.
OhridNews