Уште само пет дена остануваат за пријавување на Планинарската трка Охрид Ултра Треил која од 18 до 20 септември ќе се одржи на планината Галичица. Охрид Ултра Треил е меѓународна планинска трка поддржана од Нејчр Траст (ПОНТ), Општина Охрид, Делегација на Европската Унија во Македонија и Претседателот Стево Пендаровски, а организирана од здруженијата „ТРЕКС“ од Скопје и „Спорт за сите – сите за спорт“ од Охрид, по безбедносни критериуми според ITRA (International Trail Running Association).
Заинтересираните за учество на Охрид Ултра Треил имаат три опција за пријава. Првата и најтешката е Ултра треил трката на 107 километри, потоа следува трката на 66 километри и завршува со Летница треил на 18 километри.
Пријавувањето се затвора на 07.09.2020. После тоа не е можно да се прават промени во стартната листа (нема пријавување, нема плаќање, нема префрлање на трка, нема трансфер на стартнина за 2021, нема поврат на стартнина). – стои во соопштението од организаторите.
Охрид Ултра Треил ќе се одржи според строги мерки и протоколи за превенција од вирусот ковид -19. Носењето маски и држење на дистанца од 2 метра ќе биде задолжително за сите чинители на Охрид Ултра Треил.
OhridNews