Бизнис лигата во мал фудбал во организација на Јавното претрпијатие „Билјанини Извори“ дојде до самиот крај, односно до распредалба на одличјата. Во малото финале во 17 часот силите ќе ги одмерат ЈП Охридски Комуналец – Хотел Метропол, додека во финалето ќе се сретнат Жито Леб – ЛТХ Леарница.

Покрај наградите за најдобрите четири екипи ЈП Билјанини Извори има обезбедено и награди за најдобар играч, голман и стрелец. Првите три компании ќе добијат ваучери за бесплатни термини и рекламирање во Спортската сала Билјанини Извори.

Двојки:

17ч (трето место): ЈП – Охридски Комуналец – Хотел Метропол

18ч (финале): Жито Леб – ЛТХ Леарница

OhridNews