Денеска, со почеток во 21 часот ќе започне финалната програма на јубилејниот 15-ти турнир во мал фудбал „Велгошти 2018“.

Во мечот за третото место кој ќе биде најава за големото финале ќе се сретнат Шила и Замок Александар, додека во натпреварот вреден златен медал и титула силите ќе ги одмерат АСП Пак и Мистер И.

Наградата за победникот на турнирот изнесува 60 000 денари, за второпласираниот 30 000 денари, за третопласираниот 10 000 денари, а четвртата екипа ќе добие 3 000 денари. Индивидуални награди има за најдобриот стрелец и најдобриот голман.

Двојки:

Меч за трето место: Шила – Замок Александар (21ч)

Финале: АСП Пак – Мистер И (22ч)

OhridNews