Седмото издание по ред на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2017“ дојде до самиот крај, откако на програмата вечерва се финалните натпревари.

Во големото финале ќе се сретнат екипите на Мистер И и Жито Леб, додека во малото финале силите ќе ги одмерат Ајдиноски Инженеринг и Др. Баткоски.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 108 000 денари. Победникот ќе освои 60 000 денари, второпласираниот 30 000 денари, третопласираниот 15 000 и четвртопласираниот 3 000 денари.

Покрај паричните награди, признанија има за најдобар играл, стрелец и голман на турнирот. Финалните натпревари започнуваат во 20 и 30 часот.

OhridNews