Денеска, со почеток во 19 часот ќе започне програмата од финалниот ден на Празничниот турнир во мал фудбал „Охрид 2020“.

Во мечот за третото место кој ќе биде најава за големото финале ќе се сретнат Авенуе – Хера Турс Сливница, додека во натпреварот вреден златен медал и титула, силите ќе ги одмерат АСП Пак – Златара Бени и Ерол.

Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 220 000 денари. Покрај парични награди организаторите имаат индивидуални признанија за најдобриот играч, стрелец и голман.

Двојки:

19ч Авенуе – Хера Турс Сливница

20ч АСП Пак – Златара Бени и Ерол

OhridNews