На меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ на програмата се финалните натпревари по кои ќе се дознае победникот на второто издание.
Во големото финале кое е закажано за 22 часот ќе се сретнат екипите на АСП Пак и Бел Мерцедес додека финалната програма ќе ја отворат екипите на Вила Хармони и Црна Река во 20 и 30 часот со мечот за третата позиција.
Организаторите најавуваат многу изненадувања за сите присутните, а за најдобрите на турнирот има и индивидуални награди.
Вкупниот награден фонд изнесува 300 000 денари, а половина ќе добие победникот на второто издание на турнирот со меморијален карактер.
OhridNews